Празна кошничка

Посебни Рецепти

ПОСЕБНИ РЕЦЕПТИ

(Рецепти кои задолжително се земаат секој ден за времетраење на терапијата опишани како задолжителни согласно упатството  )

1.  Бројсов сок - се зема 300 грама цвекло, 300 грама морков, китка магдонос, корен или китка лисја од пашканат, 2-3 лимона, 500 грама јаболка. Сето тоа се меле на машина за месо мелење, се полива со 3 литри вода, стои 6 часа се процедува и се пие.

1.1. Бројсов сок - се зема 300 грама цвекло, 300 грама морков, китка магдонос, корел или китка листа пашканат, 2-3 лимона, 500 гр. јаболи, тоа се меле на соковник, а добиениот сок се разредува со чиста флаширана вода (сооднос (1 единица сок, плус 2 единици чиста флаширана вода)). Се пие 2-3 пати на ден по 150 до 200 милитри на празен желудник. Го подобрува имунитетот и серумското железо.

 

2.  Пшенична каша - пола килограм пшеница (се купува од пазар -непакована) се чисти, мие и се вари со вода се додека зрната испукаат. Се тропцка со рака заедно со водата во која се варела, и се процедува низ газа со стегање. Добиената каша се раствара со чиста флаширана вода (однос 1 каша, 3 вода). Се пие на гладно 2 до 3 пати по 150 милитри. Се користи кај стомачни болести (акутен и хроничен колитис, улцерозен колитис ,улцерации).

3.  Мајонез од лук 300 грама козјо сирење, една киска магдонос, 100 грама излупен лук, 50 грама орев 100 грама ладно цедено маслиново масло. Сето тоа се блендира или миксира. Се користи како намаз за јадење, се користи за уредна и редовна столица, има јаки антибактериски и антисептички својства.

4. Едно живо јајце (домашно) се миксира со сто грама јогурт,се пие нагладно - за имунитет. Се користи за анемичност, слаб имунитет, Се зема доколку истото е предвидено како задолжително секој ден.

5. Маслиново ладно цедено масло 2 супени лажица се меша со сок од 1 исцеден лимон (се користи при камења во бубрези и жолчка).

Овие посебни рецепти може да ги користи секој болен и здрав човек по сопствена оценка или по препорака од треварот.

МАСТИ, МЕЛЕМИ, ОБЛОЗИ

- за надворешни рани, болка, оток се користи кантариново масло или маст, од кантарион, невен, чичак.

-кај кожни болести, причешливост, сврбеж, се мачка со сок од исцеден лимон, сода бикарбона растворена со малку вода.

-при отоци (од гихт-водена болест) и други отоци, хематоми, отоци од „зрачење", болка, се користи облога од 3 белки од живи јајца измиксирани со една супена лажица кисело млеко. Се мачка со раце или се става облога со газа. Се држи 20 минути. Се прават повеќе третмани по потреба.

- кај фистула со цистични творевини, се става 50 грама јунешко, живо месо малку истолчено, на отворот на фистулата за да го исцели гнојот, повеќе пати се додека месото побелува, потоа се става кантарион за да затвори фистулата.

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK