Празна кошничка
urinomiks
УРИНО-МИКС
200,00 ден
femimiks
ФЕМИ-МИКС
200,00 ден

ОРГАНИ ЗА ДИШЕЊЕ, УПАТСТВО

БОЛЕСТИ НА ОРГАНИТЕ ЗА ДИШЕЊЕ

За лечење на болестите на ОРГАНИТЕ ЗА ДИШЕЊЕ со помош на Методите на Алтернативната медицина - види повеќе во Упатства за лекување на болести на органи за дишење

Најчести болести на органите за дишење се болестите на носот, болестите на Гркланот и грлото, болести на душникот и дишните патишта, болестите на белите дробови и други болести на органите за дишење.

1. БОЛЕСТИ НА НОСОТ - воспаление на слузницата на носот, (кивавица), екцем во носот, чир во носот и појава на  крварење од носот.
- КИВАВИЦА - се јавува како  - акутна (рхинитис) - кај вирусни инфекции, нстинки и грипови, хронична, при затнати ноздрви, отечена слузница и при постење на полипи - алергиска - како незаразно воспаление на слузницата на носот, осетливост на  алергенси (намалена одбранбена способност на организмот).
- ЕКЦЕМ ВО НОСОТ - настанува како последица на постојана хронично дразнење на носната слузница, поради  воспаленија, шеќерна болест, бубрежни заболувања, алергии и слично.
- ЧИР ВО НОСОТ - е последица на потешки инфекции на слузницата со црвенило и болка, образување на гнојни  огништа, црвенило и негово ширење на горе кон очите, често пати и заватени очните капаци.
- КРВАРЕЊЕ ОД НОСОТ - е појава на повремено и зачестено крварење од носот,се јавува при зголемен крвен притисок, срцеви болести, мозочни заболувања, цироза на црниот дроб,тромбози и сл.

2. БОЛЕСТИ НА ГРКЛАНОТ И ГРЛОТО - најчести заболувања се ЛАРИНГИТИС - воспаление на гркланот, ФАРИНГИТИС воспаление на грлото, карактеристично за овие заболувања се силни болки, отежнато голтање, зборување и дишење, кашлање и температури. Причини се, други инфекции, ладна или жешка храна, газирани пијалоци и слично.

3. БОЛЕСТИ НА ДУШНИКОТ И ДИШНИТЕ ПАТИШТА - најчести болести се воспаленијата на душникот и дишните патишта (бронхитис) и бронхијалната астма.
- ВОСПАЛЕНИ НА ДУШНИКОТ - воспалението е заболување на слузницата на душникот а се карактеризира со отежнато дишење и зачестени кашлања, причини се најчесто присуства на туѓи тела, прашини, хемиски суспстанци, отрови и слично.
- БРОНХИТИС - се јавува како самостојна болест и е воспаление на слузницата на дишните патишта. Може да биде акутен и хроничен.
- АКУТЕН БРОНХИТИС е посебна болест – воспалителен процес на дишните патишта а често пати е пропратено со голема кашлица, сипаниците,тифус и слично. Основен знак е силно кашлање, во почечеток суво, а потоа со густ шлајм, се слуша кркорење, ненавремено лечење доведува до:
- ХРОНИЧЕН БРОНХИТИС - се карактеризира со долги хронични кашлања, навечер и наутро, болки во градите, често пати се проследени со инфекции и бактериолошки заболувања. Исплуканиот секрет е со жолто зелена боја. Зголемен интензитет е кај пушачите и пропратен е и пушачкиот бронхит.
- БРОНХИЈАЛНА АСТМА е хронична имунолошка болест на дишните патишта. Знаци се бледа боја, отежнато дишење, запирање на здивот и гушење, добивање на напад,тешко исплукување на балгами и слично. Причини се прашина, професионално работа со прашини и отрови, пушење, консумирање на некои видови храна и пијалоци, стресни и емоционални проблеми, климатски услови, наследни предиспозиции, намалена одбрамбена способност и други болести и заболувања.

4. БОЛЕСТИ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ најчести заболувања се ПНЕВМОНИЈАТА И БРОНХОПНЕВМОНИЈАТА
- ПНЕВМОНИЈАТА е воспаление наб елите дробови со акутен или хроничен вид на алвеолите, каде наместо воздух во нив се наталожени штетни материи и отрови поради што тие не може да функционираат.
- БРОНХОПНЕВМОНИЈАТА е заболување каде се зафатени делови од белите дробови, најчесто од воспалителни процеси, со ненадејни трески и високи температури, кашлање, со свирење на дишењето, губење на апетит, забрзан пулс, потнење, ова заболување може да придонесе и е чест причинител и за други заболувања.
5.ДРУГИ БОЛЕСТИ- настинки, грип, голема кашлица, црна или магарешка кашлица, Тумори, Рак и друго.

6. БОЛЕСТИ НА БЕЛОДРОБНИТЕ ОРГАНИ

6.1 БОЛЕСТ - исфрлање на шлајм, акутен и хроничен бронхит, бронхијална астма , Ту и други болести

КОИ ЧАЕВИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМААТ И КАКО

6.1.2 Чај за мокрење - 3 супени лажици се попаруваат со 1,5 литар врела вода, се покрива со капак садот и се остава да излади два сата. Се процедува и се пие преку цел ден место вода.

6.1.3 Чај број 3/1 - 1 кафено лажиче се попарува со 150 милитри врела вода се остава да отстои 30 минути, се процедува и се пие 2 пати на ден на гладно.

6.1.4 Преспанска горчица се зема 5 пати на ден ,на гладно по едно капаче од шишето.

6.1.5 Медовина – се зема на гладно 5 пати по едно кафено лажиче.

ИСХРАНА - се зема вегетаријанска исхрана – види прилог

Корисно е да се зема следново -1 кгр, чист мед се меша со 100 грама бел синап (сомлен), 100 грама сомлено ленено семе и пакетче црн мелен бибер. Сето се меша и се зема три пати на ден на гледно по една супена лажица.

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK