Вести Алтернативна медицина

Половина век стар германски рецепт против ракот

оваа информација е превземена од интернет изданието на Нова Македонија и можете во целост да ја прочитате на следниот линк

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1031297561&;id=9&prilog=0&setIzdanie=22695

Овие редови коишто се однесуваат на добивање масни киселини од младо кравјо сирење и ленено масло немаат за цел никому да му дадат лажна надеж, ниту да му препорачаат начин на лекување. Најмалку се совет некој да се откаже од лекувањето на класичната медицина. Ова се редови што можат да послужат само како информација, а одлуката за евентуална примена на рецептот секој може да си ја донесе врз база на сопствен заклучок, одговорност и консултација со лекар.

Изум на биохемичарката Бадвиг (1)

„Мошне често стануваше збор за пациенти што биле отпуштени од болница, каде што им било кажано дека имаат само уште неколку дена живот и дека треба да одат дома за да си ги средат работите. И кај таквите случаи често се постигнуваа многу добри резултати“.

Ова е цитат од една од книгите на германската биохемичарка д-р Јохана Бадвиг. Таа уште во педесеттите години од минатиот век, кога била вработена во германската агенција за одобрување начини на лекување, во текот на своите истражувања забележала дека, без исклучок, кај канцерогените клетки и воопшто во крвта на заболениот човек од канцер има недостиг од некои есенцијални елементи, како фосфатиди и липопротеини. Без овие состојки, клетката на ракот се однесува диво, расте и се размножува без контрола.

Улогата на мастите и на протеините
Д-р Бадвиг на ум веќе го имала истражувањето на друг германски научник од 30-тите години на минатиот век, Ото Вартбург, кој пак докажал дека на болната клетка всушност ѝ недостига и кислород и дека во негово присуство таа не може да опстане.

види повеќе на линкот на Весникот Нова Македонија

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1031297561&;;id=9&prilog=0&setIzdanie=22695