Празна кошничка
fitmiks
ФИТ-МИКС
200,00 ден
urinomiks
УРИНО-МИКС
200,00 ден

Лековити растенија од Преспа

ЛЕКОВИТИ ТРЕВКИ од Преспанското поднебје

 Centaurium umbellatumErythrae centaurium - Centaurium umbellatum -
Состав - содржи горки хетерозиди, генициопикрозид, еритауорозид, еритроцентаурозид и генцијанин. Се користи против гасови и подуеност, проблеми со дигестивниот систем, против грозница, слабокрвност, и тн. Името и доаѓа од римско време и значи centum -стотина aurum - злато, трева која вреди сто златника.

 

  

 

 Marianum silibum - Магарешки трн, ефикасно ги чисти и црнодробните замастувања и ги регенерираMarianum Silibum црнодробните и други клетки во организмот, се користи за камења

во жолчка, после тешки заболувања за заздравување, при астма, за шеќерна болест, хемороиди, и хепатити, особено позитивно делува во регенерирање на нови клетки при особено тешки заболувања. Се пие исто како кафе и само со 7-14 дена има огромни ефекти во решавање на определени заболувања и проблеми. Главни лековити состојки се тирамин и хистамин покрај овие содржи и 0,1 етерични масла, малку танини, флавоноиди 24-26 %, масла 17%, белковини 21%,

 

yarrow02-lAchilea milefolium - Латинскиот назив доаѓа од митолошки јунак Ахил со која му е излечена раната на Телефус. По состав ајдучката трева и не е доволно испитана но се знае дека содржи витамин К, 0,05 -0,4 % етерично масло , горка материја ахилеин, флобатанина, садржи околу 10 % цинеол, пинен, кариофилен, тујон, борнеола, мравја и валеријанска киселина. Ајдучката трева е горка по вкус и ароматична се употребува како тони
к, стомахик, стимуланс, антиспазмодик. Добро делува против Хемороиди, се користи и внатрешно и надворешно на надворешни рани. Се дава против катар на желудник и црева, пречки во бубрези и слезина. Ајдуците секогаш со себе носеле фино сомелен прав кој го ставале на раните. Дејствува на спречување на загнојување и брзо зарастување на ткива при надворешни рани делуваат танините и етарското масло. Се користи за јакнење на апетит, не е отровна не предизвикува навики и влегува во голем број на чајни комбинации. Се користи и за бронхијална астма, камен во бубрези, против гасови, подуеност, тешко варење на храна, за уредување на столица, за запирање на бело прање и инфекции, за бело прање и инфекции се прави во комбинација со подабец, делува благопријатно и на чир во желудник, се користи за масла за сунчање и има силен фактор на заштита со маслиново масло.

 

Hypericum PerforatumHipericum Perforatum -  Кантарионот се цени многу меѓу народот и се употребува за надворешни рани, против исекотини, опекотини, хемороиди за зарастување на рани, како антисептик а однатре против болести на слезинка, желудник, проливи и сл. дејствата се многубројни поради сложениот хемиски состав. Народот го користи како народен лек и го припрема на начин што се става во ладно цедено маслиново масло кое стои на сонце 30-4
0 ден јако да поцрвени и после тоа се употребува.
На француски начин или према француските фармакопеи се припрема 100 гр. Цвет се става во тегла се прелива со еден литар од најдоброто масло и се држи на водена пара 2 часа се цеди да биде бистро, или пак може кантарионово масло со бело вино пола масло пола бело вино се држи на водена пара додека виното испари, и двете масла се користат з надворешни рани.
Тинктура и екстракт се припремаат према фармакопеите а се користат за цревни паразити, особено етарското масло кое има изразено антибактериско дејство.

 

Geranium.robertianumЦрвениот здравец (lat. Geranium robertianum) е танинско лековито растение кое се користи за запаление на урогениталните органи, нередовни менструации и непроодни јајцеводи. Чајот се припрема така што една кафена лажица се прелива со 100 мл. Топла вода (или околу 70 %) вода, па после тоа се остава да отстои барем 20 мин. Се процедува и се пие.
Во народната медицина доста автори ја посочуваат за стерилитет, и неплодност или неможност за рашање на деца а и се користи за стерилитет, и за плодност на начин што и двата партнери пијат оа вака изготвениот чај 3 пати дневно по еден филџан од приготвениот чај најмалку една недела за што многу луѓе се задоволни од овој напиток.

gluvarce Taraxacum officinale

 Maslacak, Gluvarce, Глуварче- Taraxacum officinale расте како коров секаде, и најмногу ја има по влажни ливади. Има и држави каде што се одгледува. Расти 15 до 30 цм. на врвот има златно жолта глава со соцветија. Се размножува со семе кое ветарот го носи како падобрани (глуварче). сите делови се со горчлив вкус, и имаат доста млечен сок.
Берба, некаде се бара само корен, некаде само растение, а во други
целото растение.
Состав: Тараксацин и тараксацерин се две горчливи во вода растворливи хетерозидне супстанци, кои ги има најповеќе во млечниот сок. Во коренот има и ензими, холин, етарско масло, смоли, масни киселини, многу инулин, во есен и до 40 % и шеќери до 18 %. Во несапозидниот дел има и фитостерол, од кои се изолирани и алкохоли тараксатерол и бета амирин, . Во листот има инозит, слуз, шеќери, смоли на тараксацин, во пролет собран листот е најлековит.
Употреба: го подобрува апетитот, и добро делува на варенјето. Во англосаксонските земји, е омилен благ лаксанс, против атонични диспепсии и диуретик. Се дава во облик на чај или екстракт. Се користи и како салата како витаминска храна, во народната медицина се употребува за чистење на крвта, како диуретик против болки на жолчка и јетра. Се Користи за камен во жолчка и отежнато мокрење. Се комбинира најчесто со водопија, нане, и свила од пченка.

 MajcinaThymus serpyllumМајчина Душица - е омилен лек не само во народната медицина туку и во научната медицина. Кај нас со векови се употребува, особито во планинските делови, како лек за лечење на органи за варење, поретко и органи за дишење. во некои медитерански области мајчината душица, е и зачин, особено во посиромашните делови на светот, претежно кај морнаирте, кои сакаат да го прикријат јакиот мирис на риба која често ја користат во исхраната. Мајчината душичка влегува во состав на многу производи од лековити растенија, кои се изработуваат во аптеки било во фармацевтската индустрија. Со посебна постапка се есктрахира екстракт кој дава многу позитивни ефекти при кашлица. Тие лекови се познати под разни патентирани називи: пертусин, тимотусан, контратусин и сл. наједноставен пример на употреба на мајчината душичка е во облик на чај кој може во секое домаќинство да се направи. Меѓутоа треба да се нагласи дека најчесто се греши со тоа што мајчината душичка се вари подолго време. Од причини што ваквиот начин на припрема доведува да сите активни компоненти од чајот се губат. Се препорачува при припремата да се внимава на ова и припремата да биде на начин што ќе се попари со врела вода се поклопува и се остава да отстои 2 часа. Се греши во употребата и со количината. Се земаат многу мали количини од ова растение и така добиениот чај и да нема некои ефекти. треба да се користи цела супена лажица иситнето и се попарува со 200 грама (1 чаша) врела вода. Ова лековити растение има ефекти против проливи, затоа што има голема количина на танини (околу 5 %). Мајчината душичка влијае како пријатен и безопасен конзерванс, од причини што со своите активни мирисни етерични масла влијае и како конзерванс. Се користи и против цревни паразити, особено против детски глисти. Антисептичните својства произлегуваат од дејството на тимол и карвакрола, ги користат овие својства и научната и традиционалната медицина. чим се појават заразни болести се пие чај од мајчина душичка. Мајчината душичка не е отровна. Нити пак ствара зависност и со подолга употреба. за време на заразни болести наместо вода се пије чај од мајчина душичка во низа на недитерански земји. Мајчина душичка се користи и против непријатен мирис од уста во комбинација со питомо нане.

 

 

Agrimonia Eupatoria  Chelidonium majus  Equisetum arvense  Valeriana officinalis  Lincura Gentiana Lutea

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK