Празна кошничка
femimiks
ФЕМИ-МИКС
200,00 ден
fitmiks
ФИТ-МИКС
200,00 ден
hepatomiks
ХЕПАТО-МИКС
200,00 ден

Заболувања на крвните садови

Заболувања на крвните садови:
-холестерол, прочистување на крвните садови од наслаги, постизливни и постирфактни состојби;
-венопатии(тромбоза, тромбофлебит, црвен ветар и сл.);
-капилоропатии;
-хемороиди(шуљеви и мајасол)
Роза Канина наведените болести ги лекува со:
-помош на чаеви и чајни комбинации
-режими на исхрана
-комплет терапија за лекување на овие заболувања во зависност од дијагнозите за истите
БОЛЕСТИ НА КРВТА - КРВНИТЕ САДОВИ И СРЦЕТО

Крвта е животна течност што постојано кружи низ човечкиот организам низ крвните садови.Улогата на крвта е многукратна и многустрана а каконајважна е снабдување на клетките со храна-кислород,т.н.р. разме-на на материите.Крвта е составена од повеке компоненти мегу кои најзначајни се ;
црвените крвни зрнцаБелите крвни зрнца и крвните плочки.Секоја промена во овие компоненти, бројот, изгледот, бојата и слично.
Укажува дека постои одрдедено заболување или болест.Како најчести заболувања на крвта се;
1. АНЕМИЈА - најпросто кажано анемијата е намалување на бројот на црвените крвни зрнца(еритроцити и намалување на Хемоглобинот во нив (црвената боја) .  Постојат повеќе видови анемии, меѓу кои се;

АНЕМИЈА ПОСЛЕ ОБИЛНИ КРВАРЕЊА која настанува како последица на тешки повреди, операции, внатрешни крварења и слично. Тоа е губење на големо количество крв а се манифестира со изразено бледило, вртоглавица, паѓање на притисоците, паѓање во несвест и слично.

МЕГАЛОБЛАСТНА АНЕМИЈА -  е врста на анемија која настанува како недостаток на витаминот Б-12 или таканаречена фолна киселина при исхраната или недостаток на организмот да ги користи истите.

Исто така ова анемија е последица и на некои заболувања на желудникот или други болести. Симптоми се; бледилото, замор, малаксалост, намален крвен притисок, општа слабост на организмот и сл.

ХЕМОЛИТИЧКА АНЕМИЈА - е ненормално и зголемено реаспаѓање на еритроцитите а најчесто е предДизвикано од наследни фактори, присуство на отрови во крвта и организмот и други тешки болести, се манифестира со трајни и изразени бледила, болки во пределот на слезинката, појава на жолтило и хепатални промени и пореметувања.

СИДЕРОПЕНИСКА АНЕМИЈА - настанува поради недостаток на железо во крвта, односно организмот дали негово невнесување или неискористеност. Знаци се изразено бледило, мали повремени крварења од оделни органи , малаксалост, неволност, замор, вртоглавица, забрзана работа на срцето, нагон за повраќање, гадење, слаб апетит и слично.

2. ЛЕУКЕМИЈА е тешко заболување на крвта, изразено со енормно зголемување наб елите крвни зрнца што укажува на недоброто функционирање на рбетната мождина, слезинката и лимнфниот систем. Причини за оваа болест најчесто се наследните фактори, натрпаност на организмот со отрови, радиоактивни и штетни зрачења. Болеста може да биде акутна или хонична. Манифестацијата е изразено бледило, забрзана работа на срцето, општа слабост и изнемоштеност на организмот, мали крварења на усните, кожата и грлото, болки во зглобовите и коските, отечени непца, отоци на лимфните јазли и жлезди.

3. АЛЕРГИЈА - во директен превод значи „ненормална појава“ е реакција помегу природните заштитници на организмот „антителата“ и надворешни туѓи тела „антигени“ тоа е неможност на организмот да се одбрани и да ги уништи надворешните непријатели - антигените. Ги има многу видови а највообичаени се;

- УРТИКАРИЈАТА - е алергија на некои видови на храна (јајца,јагоди,ореви,риба и сл). Симптоми се: бледо црвени бронки (мозолчина) по кожата, окружени со црвена линија, сврбеж, болка. Причинители се: Повеќе видови на храна, високи ниски температурни разлики, состојби на стресс, страв, депресии и слично.

ПОЛЕНОВА АЛЕРГИЈА (треска) - е преголема чувствителност на поленов прав. Знаци се кивањето, воспаленија на слузницата на носот со обилни секреции, чешање и гребење на грлото, отежнато дишење, асматични напади, солзење на очите , мигренозни болки, болки на коските и зглобовите, екцеми, и сл.

БОЛЕСТИ НА КРВНИТЕ САДОВИ

Крвните садови се делат на артерии низ кои тече чиста крв богата со кислород и храна и вени низ која тече крв богата со јаглен диоксид и други штетни материи и отпадоци и отрови од извршениот метаболизам и размена на материите. Ако се наредат едно по друго крвните садови се долги со илјадници километри.Тоа се посебни системи чија функција и значење за организмот е огромна.

АРТЕРИОСКЛЕРОЗА е комплекс од болни промени кои го зафаќаат надворешниот или внатрешниот слој на артериите.Тоа се појавува после 40 години од животот а почнува со наталожување на масти и холестерол на крвните садови. Како последица на тоа тие стануваат крути и нееластични, се стеснуваат и оневозможуваат нормално минување на крвта. Причини кои допринесуват за оваа болест се: никотинот, кафето, алкохолот, нередовна исхрана, неправилна исхрана, масна исхрана, еднолична храна и друго. Артериосклерозата е ппроследена со грчеви во мускулите на потколениците, при движење, и чувство на боцкање при мирување. Рацете и нозете се бледи и ладни.

ВОСПАЛЕНИ НА ВЕНИТЕ И ТРОМБОЗА: воспалението најчесто се јавува на површинските и длабоките вени на нозете. Може да се јави како последица на одредени хируршки интервенции, телесни повреди и друго. Кај површинските воспаленија има и отоци и болка, испакнатост, зацрвенетост или тврди израстоци. При воспаление на внатрешните вени, се јавуваат лесни отоци, најизразите во пределот на подколениците, подоцна може да отече цела нога, Крвниот притисок опаѓа а може да се има и зголемена температура.

ТРОМБОЗА - е дополнение на воспалителните процеси а настанува поради таложење на крвни компоненти и отпад и нивно згрутчување во вената. При што доаѓа до затнување и оштетување на вената. И  при тромбозата се јавуваат отоци, црвенило, болки.

ХИПЕРТЕНЗИЈА (ЗГОЛЕМЕН КРВЕН ПРИТИСОК) - се јавува како последица на некои заболувања (стрес,зголемен физички и умствен напор, нервоза, подолготрајни нервози) атртериосклероза, дијабет, болести на бубрезите, џигер, жолчка.  Се чувствува главоболка, вртоглавица, зуење во ушите, гадење, изнемоштеност, болка во рацете (лактите) и плеќите. Кај хипертензијата најважно е да се открие од каде доага притисокот за да може истиот да се реши. повисокиот крвен притисок најчесто е појава на определено друго заболување.

ХИПОТЕНЗИЈА (НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК) оваа болест најчесто се јавува кај млади луѓе и е резултат на општа слабост на крвототкот и организмот, се чувствува слабост, замор, вртоглавици,темнеење на очите, бледило и сл. При нагли опаѓања доаѓа до несвестици и колапси и губење на рамнотежата.

БОЛЕСТИ НА СРЦЕТО најчести болести на срцето се: перикардитис, миокардитис, инсувициенција, ангина пекторис (angina pectoris), неурозис кордис (neorosis cordis) , тахикардија, брадикардија и други.

ПЕРИКАРДИТИС -   е воспаление на обвивката на срцето, причини се: бактериски и вирусни состојби, туберколоза, инфаркт на миокардот и др. Може да биде акутен и хроничен. Знаци се: зголемена температура, потнење, силна болка во градите, градна коска, забрзано и површно дишење, општа слабост и малаксалост и депресивни состојби проследени со страв.

МИОКАРДИТИС - е воспалителен процесс на срцевиот мускул, најчесто поради ревматизам,туберколоза, сифилис, бактериски и вирусни состојби, алергии и друго. Симптоми се отежнато дишење, забрзана работа на срцето, низок притисок, ладни раце и нозе, помодрени прсти и нокти на рацете и слично.

ИНСУФИЦИЕНЦИЈА - е слабост на срцевиот мускул, поради што срцето не е во можност да го одржува ритамот на работа. Причини се: разни срцеви оштетувања, оштетување на залистоците, зголемен крвен притисок, миокардитис, инфаркт на миокардот, артериосклероза, вродени срцеви мани и слично.

Инсувициенцијата се јавува кај стари луге. Се манифестира со забрзано и површно дишење, суво кашлање, вознемиреност, несоница, набрекнати вратни жили, отоци по раце и нозе, чукање на срцето како „галоп“

АНГИНА ПЕКТОРИС - е болест поради лоша исхрана на срцевите крвни садови и недостаток на кислород. Причини се: зголемен крвен притисок, шеќерна болест, гојазност, алкохол,тутун. Знаци се: градни болки, болки во левата рака и грбот, доста јаки и силни, се јавува стегање, притисок и задушување, времетраење на болката е до 10 минути, обично се јавуваат кај тешка физичка работа и високи температури.

НЕРВОЗНО СРЦЕ -  во почеток не е сериозно заболување се осеќа физичка исцрпеност, чувство на задушување, ладна пот на челото и слично.

ТАХИКАРДИЈА - е забрзана работа на срцето и до 200 пати во минута. Причини се : стресови, температури, крварење, предозираност со кафе, алкохол, цигари, болест на тироидата. Знаци се брзо дишење, силен притисок во градите, чувство на недостаток на воздух и аритмија.

БРАДИКАРДИЈА - е појава кога срцето отчукува помалку откуцаи од 50 во минута. Причини се старост, истоштеност, тумор во мозок, менингитис, жолтица, тифус и друго. Знаци чувство на измореност, вртоглавица,темнеење пред очи, мал крвен притисок, отоци по рацете и нозете. Можно е да се дојде до оштетувања на работата на други органи.

Постојат и други болести на овие органи кои не се опфатени со ова упатсво

При користењето на методите на Алтернативната медицина и лечењата по овие Режими, се земаат сите лекарства препорачани од лекарот и се прават постојани контроли со лекарите, истовремено се применуваат и решенијата од Алтернативата. Чаевите и Чајните мешавини што се користат немаат „НУС“ (негативни) појави со ниедно лекарство од Медицината , така да истовремено може да се користат и едните и другите лекарства.

Овие терапии се најпогодни да се користат при „постинфарктни“ или посизливни  состојби како заштита и превентиве од наредни инфаркти или срцеви болести. Лечењето по овие методи трае повеке време, неколку месеци а некои од правилата на однесување и Начинот на исхрана како и изборот на храната даден во Режимите треба да бидат трајна ореиентација односно да се применуваат до крајот на животот. Да се исклучат од натамошна употреба задолжително - АЛКОХОЛОТ, ТУТУНОТ И КАФЕТО, тешки физички работи, тешки физички напрегања, нервози и сл, мрсна храна, да се вклучи пешачење најмалу 3-5 км дневно и ориентација кон здрава исхрана.

Види повеќе во упатство за заболувања на крвни садови

За користење на производите начин на припрема види упатство за припрема

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK