Празна кошничка
femimiks
ФЕМИ-МИКС
200,00 ден
urinomiks
УРИНО-МИКС
200,00 ден
fitmiks
ФИТ-МИКС
200,00 ден

Дебелина како појава и болест

Условите и начинот на живеење, брзиот и динамичен живот, полн со нервози и стресови, постојана напнатост, неможноста за прилагодување на новонастаната состојба, непочитување на природните законитости, биоритамот и друго а особено кај женскиот пол, доведуваат често пати до одредено пореметување на таканаречено дебелеење кое може да се третира и како болест и како заболување, бидејќи поставките за таква појава се секогаш врзани за одредени органски пореметувања и се последица на други случувања во организмот што може да имаат третман на болести. Ова посебно е изразито при климактеричниот синдром кај понежниот пол во времето на предклимаксниот, климаксниот и пос климаксниот период, кој период може да трае и повеќе од 10 години а може да почне и многу рано (30 тата година). Проблемот се зголемените естрогенски лачења, независно од што се предизвикани. Неможноста овој проблем благовремено да се разоткрие и реши често пати се прибегнува кон лажни претпоставки како што се ,,дебеелење на нервна основа“, дебелеење на постојано ,,подлапнување измеѓу јадењата“, дебелеење на основа на ,,домаќинлок – да не се фрла она што ќе остане и сл. “.

Дебеелењето е процес кој што многу лесно се навикнува и се заработува а тешко се отстранува поради сугестијата и стравот за отстранување на лошите навики, да не ослабне крвта, да не се ослабне нагло, да не виси кожата и слично, што се апсолутно неточни претпоставки. Процесот на дебелеење е процес којшто многу лесно се придобива и на којшто често пати благонаклоно се гледа се до оној момент кога тој неможе туку така да се запре и да се отстрани. При користењето на разни терапии и диетални исхрани од разни автори и научници покушајот за слабеење може да доведе до состојба на губење на еритроцитите, хемоглобинот и разни други анемичности, што не е многу пожелно и корисно. Алтернативната медицина решавањето на овој проблем го согледува многу потемелно и го решава на начин со којшто се ослободува од масните наслаги, маснотиите, непотребната килажа, холестеролот и целулоитот, замастеноста на органите во абдоменот и нивното залојување со што се оневозможува нивното правилно функционирање и работа а при што се води и строго сметка да не се дојде до состојби на анемичности, губењето на железото и пореметување на основните системи во организмот, крвен – лимфен- хормонален- одбрамбен и сл.

 

види повеќе во Упатство за дебелина како појава и болест

за припрема и пиење на чаеви види во Упатство за сите заболувања

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK