Празна кошничка

Стомачни заболувања

БОЛЕСТИ НА ОРГАНИТЕ ЗА ВАРЕЊЕ

Стомачните заболувања може да се третираат со методите на алтернативната медицина кои помагаат за полесно лекување на овие заболувања.
Болестите на органите за варење се делат на повеќе видови болести.
1.БОЛЕСТИ НА УСТАТА
- воспаленија на устата СТОМАТИТИС - воспаление на слузницата на устата кои најчесто се јавуваат од расипани заби а може да биде воспалителен (воспаление без рани); автозен-со болни рани и меурчина; гангренски - како тешко заболување кое го продупчува дури и образот на лицето)
• ГИНГИВИТИС - е воспаление на непцата (десни) а може да биде - хипертрофичен со отоци на непцата. Некротичен каде непцата се отечени и крварат, лачењето на плунка e зголемено, и е заразно, преносливо, а храната неможе да се голта.
• ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ - габичните инфекции најчесто се предизвикани од КАНДИДА (Габична инфекција) со воспалителни процеси, каде усната е бела како млеко од габичните колонии.
• АНГИНА - е воспаление на крајниците, со гнојни форми и гнојни кеси, предизвикана од разни бактерии и е прилично болна и тешко се голта храната.
•НЕПРИЈАТЕН ЗДИВ ОД УСТАТА (Halitosis) - е појава или болест која е предизвикана од некој проблем или болест на органита за варење.
2. БОЛЕСТИ НА ХРАНОПРОВОДОТ
Болестите на хранопроводот се манифестирани преку болно и отежнато голтање а како причини се: стеснувањето на хранопроводот, атрофија, полипи, последиците од ангина, дифтерија, шарлах, заушки, туберколоза и слично.
• ВОСПАЛЕНИЕ НА ХРАНОПРОВОДОТ - се добива како последица на инфекции од устата, грлото и гркланот а некогаш и од изливи на киселина од стомакот (при повраќање и при повишено лачење на киселини во стомакот).

3.БОЛЕСТИ НА ЖЕЛУДНИКОТ
Најчести болести на желудникот се: гастритис (киселини), чир, зголемено или намалено лачење на желудечна киселина, тумор и рак на желудник.
• ГАСТРИТИС, КАТАР НА ЖЕЛУДНИК - е воспалителен процес на желудечната слузница најчесто пропратена со зголемено лачење на киселина. Може да биде акутен и хроничен. Претходна појава може да бидaт (киселини, подуеност, гасови во стомак, недобро варење и сл.). Нарушенo и недобро варење на храната која помекогаш се манифестира како болка на грбот.  
• ЧИР НА ЖЕЛУДНИКОТ - е оштетување на слузокожата на желудникот, кое се јавува како рана, вдлабочена во желудечниот зид. Чирот може да биде „женски" кога е оштетен и некој капилар и е пропратено со чести крварења и „машки" кога не крвави. Може да биде акутен и хроничен. Често е предизвикан од бактерија (H.pyloris).
• ЗГОЛЕМЕНО ЛАЧЕЊЕ НА ЖЕЛУДЕЧНА КИСЕЛИНА - е болест кога лачењето на желудечната киселина е зголемено од нормалното а е предизвикано од повеќе причини. Често пати нервозата е основен проблем и причинител.
4.БОЛЕСТИ НА ДВАНАЕСЕТ ПАЛАЧНОТО ЦРЕВО
најчести заболувања се: воспаленијата и Чир на дванаесетпалачнотo црево,
Слични се на заболувањата и симтомите од заболувањата на желудникот.
5. БОЛЕСТИ НА ТЕНКОТО ЦРЕВО
• ВОСПАЛЕНИЕ НА ТЕНКОТО ЦРЕВО - оваа болест се јавува како акутна или хронична.
• АКУТНОТО воспаление настанува од инфективни причинители – микроорганизми, бактерии и габи. Се чувствува силна болка, грчеви, проливи, кркорења во цревата, нагон за повраќање, високи температури и општа исцрпеност и малаксалост на организмот.
• ХРОНИЧНО воспаление е последица на неизлечено акутно заболување, долготрајна употреба на „тешки" лекарства, алергии, заболувања на црниот дроб, пропратено е со чести проливи или запек, со многу гасови и непријатен мирис на изметот.
• КРОНОВА БОЛЕСТ е хронично воспалителен процес на тенкото црево, се карактеризира со стеснување на тенкото црево поради воспаленијата, се јавуваат многу ранички, чиреви на зидот на цревото (улцерации) што меѓу себе се оделени со здрав зид, понекогаш се јавуваат и анални ФИСУРИ, се чувствува повремени или трајни болки пропратени со многу столици (до 40 дневно), лажни нагони за во WC, во столицата има многу слуз, често и крв и кашасти состојки. Се губи доста во тежина се слабее брзо и слично.
6. БОЛЕСТИ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО
Најчести заболувања на дебелото црево се акутното и хронично воспаление, многу се слични со симптомите кај тенкото црево.
• ПОЛИПИ на дебелото црево, е комплетно асимптоматично
• ТУМОР и РАК на дебелото црево се сметаат за прилично тешки заболувања, чие лечење е прилично сложено и тешко.
8.ДРУГИ БОЛЕСТИ
• НЕРВОЗЕН СТОМАК е појава, дури и болест која се јавува кај „невротични" луѓе во состојба на стресови и трајни нервози, симптомите се - често подригнување, тежина во стомакот, подуеност, нагон за повраќање, грчеви, ладни и влажни раце, бледо лице, забрзана срцева работа, нервозни личности, избувливи и слично.
• ИЗЛИВИ И ПОВРАЌАЊЕ КРВ  - е последица на пукнат чир, проширени вени во стомакот, тешки форми на гастрит и слично.
• ПРОЛИВИ зачестени течни столици, со слуз, напати крв, се последица на претходните заболувања на стомачниот систем или инфекции.
• ЗАПЕК е отежнато и забавено исфрлање на сува столица (со денови или недели) причините се разни и тешки стомачни болести, нередовна и неправилна исхрана, диспепсија и тромост на цревата, проследени се со главоболки, мигренозни состојби, грчеви во стомакот, општа слабост, малаксалост, неволност и слично.
• ХЕМОРОИДИ - ШУЛЈЕВИ  – МАЈАСОЛ се проширени ВЕНИ на делот на излезното црево и анусот. Може да се внатрешни или надворешни кога се испаднати од Анусот. Се должи на вродена слабост на венскиот систем или забавена циркулација на крвта поради разни причини ,,алкохолизам, неправилна или нередовна исхрана, разни стомачни заболувања или заболувања на Црнодробниот систем и слично".
• ЦРЕВНИ ПАРАЗИТИ најчести заболувања се ПАНТЛИЧАРАТА И ЦРЕВНИТЕ ГЛИСТИ, пантличарата е од повеќе видови, свинска, говедска, кучешка, може да порасне и до 10 метри. Се манифестира со неодредени болки, чешање на анусот ,,повраќање и алергиски симтоми" и слично.
Види повеќе во упатства .

За користење на производите начин на припрема види упатство за припрема

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK