Празна кошничка

Болести

При користењето на методите на Алтернативната медицина и лечењата по овие Режими, се земаат сите лекарства препорачани од лекарот и се прават постојани контроли со лекарите. Истовремено се применуваат и решенијата од Алтернативата. Чаевите и Чајните мешавини што ви ги нудиме тука се користат и  немаат „НУС“ (негативни) појави со ниедно лекарство од Медицината, така да истовремено може да се користат и едните и другите лекарства, за побрзо и со заеднички сите да се победи болеста.
Лечењето по овие методи трае повеќе време, некогаш и po неколку месеци а некои од правилата на однесување и Начинот на исхрана како и изборот на храната даден во Режимите треба да бидат трајна ориентација, односно да се применуваат до крајот на животот. Да се исклучат од натамошна употреба задолжително - АЛКОХОЛОТ, ТУТУНОТ И КАФЕТО, тешки физички работи, тешки физички напрегања, нервози и сл, мрсна храна, да се вклучи пешачење најмалу 3-5 км дневно и ориентација кон здрава исхрана (види повеќе упатства и исхрана).


Во основа постојат три основни фактори, коi помагаат во решавањето на здравствените проблеми и истите мора подеднакво  да се почитуваат. Овие три фактори допринесуваат и имаат директно влијание  на  Одржувачката и Одбрамбената енергија кој заедно со Есенцијалната енергија ја сочинуваат животната енергија. Само заедничкото делување на овие фактори доведува до успех во решавањето на здравствените проблеми и продолжување на животот.

ФАКТОРИ ОД ИСКЛУЧИТЕЛНА ВАЖНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕКУВАЊЕТО

1.    Психолошки фактор - е основен и најважен фактор при решавање на здравствените проблеми. Луѓето многу често умираат од стравот од болеста одколку од самата болест. Чувството на немоќ и бессилноста е фактор кој допринесува до хранење на болеста и воедно ја намалува животната енергија и води кон сигурно пропаѓање на организмот.  Најважната работа при користењето на овој фактор е разбудување на поствеста. Дури и во денешницава ние користиме само 5 % од нашата подсвест и поради незнаење и блокада од свесниот дел, ја затрупуваме незјината моќ и тогаш таа не  се користи во решавањето на проблемот, преку само исцелување и лечење. Истовремено со затрупување на подсвеста ја намалуваме Есенцијалната енергија, која е во директна врска  со потсвеста. Поради овие причини многу е е битно целото внимание треба да биде насочено кон потсвеста, преку – медитацијата, и ментални филмови, при што треба да се исклучи  - свесноста, за да може моќната енергија и потствеста успешно да ја завршат работата. Притоа многу е битно позитивното мислење, секогаш се мисли на позитивни работи, се стреми кон тоа  организмот да се наполни со позитивна енергија, за да позитивни хормони се лачат, a ензимите да му овозможат на организмот несметан проток на енергиите. Позитивното помашање и мислење го поттикнува развојот на животната енергија а посебно имунитетот и успешно го решава проблемот (болеста). Постојано повторување на позитивни работи е многу битен фактор за да помогнат на позитивните мемории да се врежат во потсвесниот дел и да се овозможи целосно дејствување на енергиите.
2.    Фактор – лечење со чаеви - Лечењето со чаеви, чајни комбинации, тинктури, мацерати, вина-медика и медовините е еден од најприкладните и најстари методи на решавањето на здравствените проблеми. Комбинирањето, квалитетот на лековитите тревки, искуствата и што сака да се постигне, се едни од најзначајните работи што се добиваат со долгогодишни искуства и традиција, и секако познавањето на треварството. Чајните комбинации секогаш се прават на основа на добиени лекарски дијагнози, а должината, начинот на примање на истите се договара со треварот. Мора да се напомене дека тревките во чаевите и чајните комбинации се 100 % природни, не ствараат навики, нема штетни дејства на организмот и нема нус (негативни) - појави и кога се изменшани со било кои други лекарства.  
3.    Фактор –исхрана. Овој фактор е доста значаен. Не може да решавате здравствен проблем а да јадете се и сешто. Исхраната директно влијае на Одржувачката енергија и Одбрамбената енергија. Луѓето се она што јадат. Храната треба да е лек а лекот храна. Од она што се јаде само мал дел се користи во организмот.  Toj мал (5%) но значаен дел учествува во одржувачката и одбрамбена енергија, останатото е од воздухот (80%) и  водата (15 %). Тука ќе наведеме повеќе системи на исхрана али секогаш основно правило е – вегетаријанска исхрана со многу растителни влакна а избегнуваnje на се што е од животинско потекло. Животинскиот свет во природата кога е болен не јаде ништо – го применува системот на гладовање со што се скратува времето на лечењето, а организмот целосно се детоксицира.

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK