Празна кошничка

Белодробни болести

БОЛЕСТИ НА ОРГАНИТЕ ЗА ДИШЕЊЕ

За лечење на болестите на ОРГАНИТЕ ЗА ДИШЕЊЕ со помош на Методите на Алтернативната медицина - види повеќе во Упатства за лекување на болести на органи за дишење
Најчести болести на органите за дишење се болестите на носот, болести на Гркланот и грлото, болести на душникот и дишните патишта, болести на белите дробови и други болести на органите за дишење.
1. БОЛЕСТИ НА НОСОТ - воспаление на слузницата на носот, (кивавица), екцем во носот, чир во носот и појава на крварење од носот.
- КИВАВИЦА - се јавува како - акутна (рхинитис) - кај вирусни инфекции, нaстинки и грипови, хронична, при затнати ноздрви, отечена слузница и при постење на полипи - алергиска - како незаразно воспаление на слузницата на носот, осетливост на алергенси (намалена одбранбена способност на организмот).

- ЕКЦЕМ ВО НОСОТ - настанува како последица на постојана хронично дразнење на носната слузница, поради воспаленија, шеќерна болест, бубрежни заболувања, алергии и слично.
- ЧИР ВО НОСОТ - е последица на потешки инфекции на слузницата со црвенило и болка, образување на гнојни огништа, црвенило и негово ширење на горе кон очите, често пати и заватени очните капаци.
- КРВАРЕЊЕ ОД НОСОТ - е појава на повремено и зачестено крварење од носот, се јавува при зголемен крвен притисок, срцеви болести, мозочни заболувања, цироза на црниот дроб, тромбози и сл.
2. БОЛЕСТИ НА ГРКЛАНОТ И ГРЛОТО - најчести заболувања се ЛАРИНГИТИС - воспаление на гркланот, ФАРИНГИТИС воспаление на грлото, карактеристично за овие заболувања се силни болки, отежнато голтање, зборување и дишење, кашлање и температури. Причини се, други инфекции, ладна или жешка храна, газирани пијалоци и слично.
3. БОЛЕСТИ НА ДУШНИКОТ И ДИШНИТЕ ПАТИШТА - најчести болести се воспаленијата на душникот и дишните патишта (бронхитис) и бронхијалната астма.
- ВОСПАЛЕНИ НА ДУШНИКОТ - воспалението е заболување на слузницата на душникот а се карактеризира со отежнато дишење и зачестени кашлања, причини се најчесто присуства на туѓи тела, прашини, хемиски суспстанци, отрови и слично.
- БРОНХИТИС - се јавува како самостојна болест и е воспаление на слузницата на дишните патишта. Може да биде акутен и хроничен.
- АКУТЕН БРОНХИТИС е посебна болест – воспалителен процес на дишните патишта а често пати е пропратено со голема кашлица, сипаниците, тифус и слично. Основен знак е силно кашлање, во почеток суво, а потоа со густ шлајм, се слуша кркорење, ненавремено лечење доведува до:
- ХРОНИЧЕН БРОНХИТИС - се карактеризира со долги хронични кашлања, навечер и наутро, болки во градите, често пати се проследени со инфекции и бактериолошки заболувања. Исплуканиот секрет е со жолто зелена боја. Зголемен интензитет е кај пушачите и пропратен е и пушачкиот бронхит.
- БРОНХИЈАЛНА АСТМА е хронична имунолошка болест на дишните патишта. Знаци се бледа боја, отежнато дишење, запирање на здивот и гушење, добивање на напад, тешко исплукување на балгами и слично. Причини се прашина, професионалнa работа со прашини и отрови, пушење, консумирање на некои видови храна и пијалоци, стресни и емоционални проблеми, климатски услови, наследни предиспозиции, намалена одбрамбена способност и други болести и заболувања.
4. БОЛЕСТИ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ најчести заболувања се ПНЕВМОНИЈАТА И БРОНХОПНЕВМОНИЈАТА
- ПНЕВМОНИЈАТА е воспаление на белите дробови со акутен или хроничен вид на алвеолите, каде наместо воздух во нив се наталожени штетни материи и отрови поради што тие не може да функционираат.
- БРОНХОПНЕВМОНИЈАТА е заболување каде се зафатени делови од белите дробови, најчесто од воспалителни процеси, со ненадејни трески и високи температури, кашлање, со свирење на дишењето, губење на апетит, забрзан пулс, потнење, itn.  Oва заболување може да придонесе и е чест причинител и за други заболувања.
5.ДРУГИ БОЛЕСТИ- настинки, грип, голема кашлица, црна или магарешка кашлица, Тумори, Рак и друго.

за повеќе информации видете Упатство за болести на органи за дишење

За користење на производите начин на припрема види упатство за припрема

Следете не на

facebook 
        FACEBOOK